Дома Фудбал Конфликтот меѓу Алегри и Ибрахимовиќ го чинеше Милан титула, тврди поранешен голман

Конфликтот меѓу Алегри и Ибрахимовиќ го чинеше Милан титула, тврди поранешен голман

Во интервју за Gazzetta dello Sport, 43-годишниот Марко Амелија, поранешен голман на Милан, откри детали од својот престој кај „росонерите“ и изрази мислење зошто тимот ја пропушти шампионската титула во сезоната 2011/12.

„Сè се случи поради судирот меѓу Алегри и Ибрахимовиќ. Во осминафиналето на Лигата на шампионите го добивме првиот натпревар со 4:0, но на реваншот Алегри остави двајца голмани на клупа (тогаш беа дозволени шест замени), што за Златан значеше губитнички менталитет. Загубивме со 0:3.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Масимилијано се врати, смејќи се од интервјуто, што Златан го прими лошо и остро му се скара. За мене нешто се скрши тој ден: водевме со десет поени пред Јувентус, но сепак ја пропуштивме шампионската титула. Тоа беше и сезоната на познатиот гол на Мунтари – најголемата неправда во мојата кариера.“

Марко Амелија пристигна на позајмица во Милан од Џеноа во 2009 година, но до 2011 година стана играч на „росонерите“, откако клубот плати 3,5 милиони евра за неговиот трансфер. Амелија го објави своето повлекување во 2017 година, при што последниот негов клуб беше италијанскиот Виченца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Клоп ја напушти екипата на Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24 по легендарниот период ш…