Дома Фудбал Конечна табела од групната фаза на Лигата на Европа. Кој продолжува понатаму?

Конечна табела од групната фаза на Лигата на Европа. Кој продолжува понатаму?

Со спектакуларното финално коло, во кое се одиграа дури 18 натпревари истовремено, заврши групната фаза од Лигата на Европа. Првите осум тимови на единствената ранг-листа директно се пласираа во осминафиналето. Тие што завршија од 9. до 24. место ќе се соочат во плеј-офот за пласман во осминафиналето.

Директно во осминафиналето се пласираа: Лион, Астон Вила, Мидтијилан, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург и Рома.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во плеј-оф отидоа: Генк, Болоња, Штутгарт, Ференцварош, Нотингем Форест, Викторија Плзењ, Црвена Звезда, Селта Виго, ПАОК, Лил, Фенербахче, Панатинаикос, Селтик, Лудогорец, Динамо и Бран.

Секој од клубовите во плеј-офот има два потенцијални противници, по принципот дека тимовите што се на 9. и 10. позиција можат да играат против оние на 23. и 24. позиција, додека оние на 11. и 12. позиција можат да се соочат со тимовите на 21. и 22. место, и така натаму.

Потенцијални двојки за доигрување:

Генк / Болоња – Динамо / Бран
Штутгарт / Ференцварош – Селтик / Лудогорец
Нотингем Форест / Викторија Плзењ – Фенербахче / Панатинаикос
Црвена Звезда / Селта Виго – ПАОК / Лил

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул му се одмазди на Галатасарај и ќе бара реванш против ПСЖ

Ливерпул го совлада Галатасарај со 4:0 на “Енфилд” и со вкупен резултат 4:1 го…