
Легендарниот шпански фудбалер и икона на Барселона, Андрес Иниеста, се најде под истрага од Државното обвинителство во Перу поради сомнеж за измама вредна околу 518.000 евра. Според тужбата, компаниите во сопственост на славниот играч за врска се обвинети дека ги измамиле локалните претприемачи со организирање на забавни настани кои никогаш не се одржале, а парите никогаш не биле вратени.
Иниеста, кој со Шпанија го освои Светското првенство и безброј трофеи со Барселона, е познат како еден од најголемите играчи за врска на сите времиња. Токму тој ѕвезден статус, како што се наведува во тужбата, бил искористен за привлекување на инвестиции во Перу. Низата на забавни настани, кои ги воделе компании на Иниста, Never Say Never (NSN) Барселона и нејзината подружница NSN Sudamérica, едноставно не се одржале, пренесува „Де Телеграф“.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Меѓу ветените, но нереализирани проекти биле меѓународен пријателски фудбалски натпревар и K-pop фестивал. Обвинителите исто така тврдат дека Upa Upa Fest, иако се одржал, создаде значајни загуби, што последично довело до откажување на натпреварот на фудбалските легенди и планираниот пријателски натпревар меѓу клубовите Cienciano и Nacional de Quito.
Иниеста сè уште не се огласил службено за обвинувањата, но шпанската La Sexta известува дека поранешната ѕвезда на Барселона е “погодена” од целата ситуација. Извори блиски до играчот тврдат дека бил “воден од погрешни луѓе, што му наштетило нему и на трети страни”. Иако обвинувањата се отфрлаат, потврдено е дека една од вклучените компании е “во процес на ликвидација за да се плати сè што оставиле зад себе”.