Дома Македонски спорт Мак фудбал „Комити“ испратија апел да се носи македонско знаме на средбата со Тиквеш, но ФФМ сега донесе нова одлука – натпреварот ќе се одигра без публика!

„Комити“ испратија апел да се носи македонско знаме на средбата со Тиквеш, но ФФМ сега донесе нова одлука – натпреварот ќе се одигра без публика!

Навивачите на Вардар пред натпреварот со Тиквеш испратија апел на овој дуел кој требаше да се игра утре да се дојде со македонско знаме.

„Комити“ обезбедија бесплатен влез за секој кој ќе го носи македонското знаме, сепак Фудбалската федерација во договор со МВР ги одложи сите натпревари.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од Вардар сега информираа дека натпреварот ќе се игра во вторник, но апелот на навивачите повторно нема да може да се исполни бидејќи натпреварот ќе се игра без публика.

Федерацијата испратила известување до сите клубови натпреварите кои се одложени да се одиграат без присуство на гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…