
Многу љубители на фудбалот беа изненадени од доаѓањето на францускиот голгетер Рандал Коло Муани на едногодишна позајмица во Тотенхем, иако во еден момент изгледаше дека ќе остане во Јувентус по солидниот пролетен дел од минатата сезона, а медиумите во Италија малку подетално ја обработија позадината на оваа приказна.
Јувентус сакаше да го задржи Французинот во своите редови, а ПСЖ беше подготвен да го остави во Торино, но сопственикот на актуелниот европски шампион, Насер Ал-Келаифи, беше огорчен од неколкунеделното „влечење за нос“ од страна на италијанскиот клуб и затоа во финишот на преодниот рок направи радикален пресврт.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Не влечевте со недели. Доста е! Нема да излезете на крај со мене. Ќе ги запомнам вашите методи“, наводно рекол првиот човек на најдоминантниот европски тим во изминатата сезона, кратко пред заедно со агентот на фудбалерот да го договори неговото заминување во Тотенхем.
Да потсетиме, Јувентус како замена за Французинот го доведе досегашниот голгетер на РБ Лајпциг, Луис Опенда, а во гигантот од Торино остана и Душан Влаховиќ, иако изгледаше дека е само прашање на време кога Србинот ќе го напушти клубот.
Интересно е што Коло Муани е само еден во низата фудбалери кои во минатото настапувале за овие два клуба, бидејќи тоа беше случај и со Ди Марија, Рабио, Паредес, Матјуиди, Кин, Буфон…