Дома Моторспорт Колку заработија возачите на Формула 1 во 2025 година?

Колку заработија возачите на Формула 1 во 2025 година?

Сезоната на Формула 1 неодамна заврши, а титулата шампион ја освои Ландо Норис. Сепак, Британецот во Мекларен не заработи најмногу пари во 2025 година.

Кога станува збор за платите на возачите, најплатен беше Луис Хамилтон, на кого Ферари за годинава му исплати 70 милиони долари.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сепак, легендарниот Луис не беше најдобро платен оваа година. Иако платата на Макс Верстапен во Ред Бул беше за пет милиона помала од таа на Хамилтон, тој доби значително поголем бонус.

Верстапен покрај платата од 65 милиони доби и 11 милиони долари бонус, и неговата вкупна заработка за 2025 година изнесува 76 милиони долари.

Бонусот на Хамилтон поради разочарувачките резултати не е изненадувачки, и тој изнесува само половина милион долари. Значи, Хамилтон оваа година вкупно заработи 70,5 милиони долари.

Третата најголема плата ја имаше Шарл Леклер во Ферари, кој доби 30 милиони. Сепак, тој остана без бонус, па по вкупната заработка го престигнаа и Меклареновите Ландо Норис кој покрај платата од 18 милиони доби и 39,5 милиони бонус, и Оскар Пиастри со 37,5 милиони долари заработка (10 + 27,5).

Топ 10 возачи на Ф1 по заработка во 2025 година

Макс Верстапен 76 милиони долари (65 плата + 11 бонуси)

Луис Хамилтон 70,5 (70 + 0,5)

Ландо Норис 57,5 (18 + 39,5)

Оскар Пиастри 36,5 (10 + 27,5)

Шарл Леклер 30 (30 + 0)

Фернандо Алонсо 26,5 (24 + 2,5)

Џорџ Расел 26 (15 + 11)

Ленс Строл 13,5 (12 + 1,5)

Карлос Саинц 13 (10 + 3)

Кими Антонели 12,5 (5 + 7,5)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Колку заработуваат возачите во Формула 1: Хамилтон имаше најголема плата, но не заработи најмногу

Сезоната на Формула 1 заврши неодамна, а титулата шампион ја понесе Ландо Норис. Меѓутоа, …