Дома Фудбал Кој е виновен? Мусијала се огласи по тешката повреда и операција

Кој е виновен? Мусијала се огласи по тешката повреда и операција

Еден од најдобрите фудбалери на Баерн и германската репрезентација Џамал Мусијала се огласи по тешката повреда што ја претрпе на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави.

Германскиот репрезентативец претрпе сериозна повреда во самата завршница на првото полувреме во четвртфиналниот пораз од Пари Сен Жермен (0:2).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сакам на сите да им се заблагодарам за поддршката и да кажам дека никој не е виновен за мојата повреда. Вакви ситуации се случуваат“, кусо, но спортски изјави Џамал Мусијала.

Дваесет и двегодишниот Германец претрпе фрактура на фибулата и дислокација на скочниот зглоб по судирот со голманот на францускиот клуб Џанлуиџи Донарума, по што италијанскиот голман доби критики од јавноста.

Мусијала на почетокот од оваа недела успешно беше опериран во Германија. Како што пренесуваат германските медиуми, Мусијала ќе отсуствува од теренот четири до пет месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…