Дома Фудбал „Кој е Еберчи Езе“: Артета за херојот на Арсенал и доказот дека ништо не е случајно

„Кој е Еберчи Езе“: Артета за херојот на Арсенал и доказот дека ништо не е случајно

Ова е таа година за Микел Артета. Летово мудро трошеше, има квалитетен и широк ростер и јасни идеи и тактика за сè.

Тотенхем беше испратен со четири гола во мрежата, а Еберечи Езе на најдобар можен начин му одговори на Томас Франк кој во петок на конференцијата рече “кој е Еберечи Езе“. И сега ќе го памети засекогаш.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Микел Артета откри дека сето ова се случи со причина.

„Сè се случува со причина. По паузата за репрезентации, имавме два дена слободно, но Езе се појави и сакаше да тренира. Сакаше да продолжи да напредува, работеше дополнителни вежби и поставуваше разни прашања за тактиката. Кога играч има таков талент, но и страст кон играта и желба да напредува, тогаш му се враќа вакво нешто. Тој го заслужи ова целосно, бидејќи од првиот ден кога ни се приклучи, донесе нешто поинакво. Уживање е да се работи со него, има посебна аура и веруваме дека ќе донесе многу победи на нашиот тим. Езе ги има сите тие способности и само треба да се насочи целиот негов талент во вистинската насока“, рече Артета.

Интересно е тоа што Езе пред дербито со Тотенхем имаше постигнато само еден гол во Премиер лигата, а сега е прв на листата со четири, колку што има и Џокереш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Реал Мадрид пред дуелот со Бенфика

Дани Себаљос има доживеано силно истегнување на мускулот на десната нога, што ќе го чува н…