Дома Останати Кошарка Кога ова ќе го каже Леброн Џејмс, тогаш е навистина важно: Новата изјава за Лука Дончиќ стана вирална

Кога ова ќе го каже Леброн Џејмс, тогаш е навистина важно: Новата изјава за Лука Дончиќ стана вирална

Леброн Џејмс го заврши својот прв натпревар во сезоната со 11 поени и 12 асистенции во првиот меч од неговата веќе рекордна, 23-та НБА сезона.

Од друга страна, Лука Дончиќ блескаше со 37 поени и 10 асистенции во победата на Лос Анџелес Лејкерс против Јута Џез, 140:126.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Иако рефлекторите по натпреварот беа вперени во Леброн, за кого ова беше прв натпревар сезонава, легендарниот 40-годишник вешто ги пренасочи кон Лука, нарекувајќи го еден од главните кандидати за МВП оваа сезона.

Леброн започна со пофалби за словенечкиот кошаркар, и не можеше да „престане“.

„Кога имаш играч од калибар на МВП, како што е Лука, кој годинава прави тоа што прави, тогаш јас немам притисок да морам офанзивно да доминирам додека тој игра на тоа ниво“, започна Џејмс и продолжи:

„Кога Лука го прави тоа што го прави во пик-енд-ролот, кога привлекува толку многу играчи околу себе, јас можам малку да се повлечам, да чекам топката да кружи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Чиста магија: Погледнете ја новата спектакуларна асистенција на Јокиќ (Видео)

Се чини дека не постои натпревар на кој Никола Јокиќ не покажува некоја маестрија од своја…