Дома Останати Кошарка Кочов се враќа во македонската кошарка, ќе му помага на новиот селектор!

Кочов се враќа во македонската кошарка, ќе му помага на новиот селектор!

Кошаркарската федерација на Македонија ја информираше јавноста дека е постигнат договор за ангажман на Ѓорѓи Кочов како асистент-тренер во стручниот штаб на сениорската машка репрезентација, предводен од селекторот Хозе Мариа Берокал.

Овој ангажман е дел од континуираните активности на Федерацијата насочени кон комплетирање на стручниот штаб и подигнување на професионалните стандарди во најдобрата национална селекција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ѓорѓи Кочов важи за еден од најперспективните и најуспешни македонски тренери од помладата генерација, со богато искуство во младинските и сениорските категории, како и значајно меѓународно тренерско присуство.

По завршувањето на играчката кариера, тренерската ја започна во 2014 година, со исклучителни резултати во младинските селекции на Вардар, каде уште во првата сезона освои три шампионски титули.

Во текот на својата кариера, Кочов беше дел од стручните штабови на младинските репрезентации на Македонија, селектор на јуниорската репрезентација, како и тренер во МЗТ Скопје Аеродром, со кој го освои шампионскиот трофеј и настапи во финалето на АБА 2 лигата.

Последните неколку години, Кочов е стандарден член на стручниот штаб на германскиот бундеслигаш Кемниц 99, екипа која со него како асистент-тренер ги оствари најголемите успеси во својата историја, вклучително и освојување на титулата во ФИБА Евро Купот во 2024 година.

Одлуката за ангажман на Ѓорѓи Кочов претставува уште еден јасен чекор во стратешката определба на Кошаркарската федерација на Македонија за градење силна, стабилна и конкурентна сениорска репрезентација, како и потврда на визијата за долгорочен развој и подем на македонската репрезентативна кошарка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дали ова е негова последна сезона? Погледнете како Леброн се расплака против Кливленд (Видео)

Во натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Кливленд Кавалирс, кој заврши со резултат 129:…