
Марко Арнаутовиќ (36) е слободен играч по истекот на неговиот договор. И покрај годините, тој сè уште е високо ценет и баран, што го потврдуваат најновите вести од Австрија.
Искусниот напаѓач е центар на интересот од страна на виенскиот гигант Рапид, кој неодамна доби нов тренер, Петер Штегер. Тој не крие дека Арнаутовиќ е значајна мета за клубот и тоа го потврди во комуникација со медиумите.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Не би зборувале отворено за него доколку не размислуваме сериозно за оваа можност. Не е добро секогаш да се останува во истите чевли, понекогаш треба да се размислува надвор од рамките, за работи кои на прв поглед не делуваат реално. Сето тоа е прашање на финансии. Не сум запознаен со економската страна, но знам дека Марко не е играч кој би го довеле за 50 евра. Тоа не би било никакво маркетиншко поместување, туку вистинскиот потег. Тој ако е здрав, гарантира 15-20 голови по сезона, што за нас би било одлично постигнување”, изјави Штегер.
Арнаутовиќ се споменуваше во врска со клубови од Саудиска Арабија, како и со Црвена звезда чии директор Звездан Терзиќ отворено изрази желба да го види Белград, но засега не се случи ништо конкретно..