
Централниот дефанзивец на Фејенорд Давид Ханцко би можел да премине во Атлетико Мадрид по неуспехот на договорениот трансфер во Ал-Наср, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Словачкиот репрезентативец беше договорен од клубот каде игра суперѕвездата Кристијано Роналдо, за сума од 40 милиони евра, што ќе беше рекордна продажба за Фејенорд.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Вчера, сепак, се појавија информации дека нагорат обид за трансфер пропаднал во последен миг, додека ротердамци јавно го обвинија Ал-Наср. Се дозна дека Ханцко пристигнал во Австрија, каде е претсезонскиот камп на “жолто-сините”, но не бил пуштен ниту во хотелот на клубот, ниту на тренинг основата иако беше постигнат договор за трансферот.
“Играчот беше договорен и со Ал-Наср, и со Фејенорд. Но, кога пристигнал на тренинг кампот, изненадно му кажале дека веќе не е добредојден. Ова нема преседан, скандалозно е и нечувано. Давид со месеци размислуваше за овој трансфер. Сделката беше договорена, но на крајот тие се откажаа, целосно не измамија. Колку што знам, никогаш претходно не се случило такво однесување кон некој играч. Не можеме да прифатиме вакво однесување кон Давид. Ние сме солидарни со него”, изјави портпаролот на Фејенорд, Рејмонд Соломон.