Дома Фудбал Клоп откри дали ќе стане новиот тренер на Реал Мадрид

Клоп откри дали ќе стане новиот тренер на Реал Мадрид

Откако Чаби Алонсо доби отказ од клупата на Реал Мадрид, едно име постојано се спомнува во врска со преземањето на тимот. Станува збор за Јирген Клоп.

Клоп во моментот е глобален шеф на фудбалот во Ред Бул, и на оваа позиција е малку повеќе од една година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во последниот разговор за германските медиуми, Клоп конечно проговори за наводниот интерес на Реал Мадрид за него.

“Не сум воодушевен ако Реал Мадрид покажал интерес за мене, бидејќи тоа обично не го прават, сè тоа се само медиумски шпекулации.

Не сум изненаден што Хаби отиде, тоа е Реал Мадрид. Јуп Хајнкес таму беше отпуштен иако ја освои Лигата на шампионите. Не знам што тоа кажува за Реал Мадрид”, рече Клоп.

По тоа продолжи да зборува за себе и за својата ситуација.

“Како личност, сосема сум задоволен со моменталната ситуација. Никаде на друго место не би сакал да бидам повеќе од овде.”

За сега Клоп нема планови да се врати на клупа, но остави мала веројатност за тоа.

„Дали сакам повторно да бидам тренер? Во моментов би рекол не, но никогаш не треба да се каже никогаш. Не очекувам да го сменам мислењето, но не знам.”

Откри и каква била неговата реакција кога слушнал дека Хаби Алонсо добил отказ.

„Да, се изненадив, но истовремено не се изненадив.”

На крајот, Клоп понуди неколку совети на Реал Мадрид, но и на други клубови кога станува збор за именување на нов тренер.

„Би препорачал, кога отпуштате менаџер, да имате јасна идеја кој ќе биде неговиот наследник и дека тоа е реално.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо ја доби битката со Јувентус, „старата дама“ треба да му исплати десет милиони евра

Кристијано Роналдо ја извојува правната борба против Јувентус во долготрајниот спор околу …