Дома Фудбал Клоп доаѓа во Реал и подготвува најголем потрес во историјата на клубот: Тројца веќе ги пакуваат куферите

Клоп доаѓа во Реал и подготвува најголем потрес во историјата на клубот: Тројца веќе ги пакуваат куферите

Германскиот стручњак Јурген Клоп е главниот кандидат за тренерската позиција на Реал Мадрид. Кралскиот клуб нема намера да го задржи Алваро Арбелоа за следната сезона, а Флорентино Перез прави сè за да го убеди Германецот да дојде на Бернабеу.

Одредени информации велат дека 58-годишниот веќе е во преговори со Кралевите и дека изнел неколку барања пред Перез. Сега е во негови раце да ги исполни.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно, постојат тројца играчи кои не се вклопуваат во плановите на германскиот стручњак. Тоа се Џуд Белингам, Родриго и Едуардо Камавинга.

Целта е со трансферите да се обезбедат 250 милиони евра. Тоа би му овозможило на Германецот да донесе играчи кои му се ‘поважни’ во овој момент.

На листата веднаш се наоѓаат двајца играчи од Ливерпул. Алексис Мак Алистер и Доминик Собослаи се имињата што ги посакува во својот тим и дефинитивно ќе биде интересно да се види што ќе се случува во Реал во наредните месеци.

Дојдот на Клоп дефинитивно би бил голема победа за Флорентино Перез. Сепак, ништо сè уште не е официјално, па бројните шпекулации треба да се земат со резервираност.

Треба, секако, да се истакне дека и без доаѓањето на германскиот стручњак, Родриго и Едуардо Камавинга се на излезните врати на Бернабеу, особено вториот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…