Дома Фудбал Кладилниците ги одредија фаворитите за освојување на Лигата на шампионите. Познат е и најголемиот аутсајдер

Кладилниците ги одредија фаворитите за освојување на Лигата на шампионите. Познат е и најголемиот аутсајдер

Вчера заврши фазата на четвртфиналето во Лигата на шампионите и познати се сите четири клуба кои ќе играат во полуфиналето. За место во финалето, кое се игра на 31 мај на Алијанц Арена во Минхен, ќе се борат Барселона и Интер, како и Арсенал и ПСЖ. Врз основа на најновите коефициенти и проекции од британските кладилници и аналитички модели, најголемиот фаворит за освојување на Лигата на шампионите меѓу наведените клубови е Барселона.

Коефициенти за освојување на Лигата на шампионите:

  • Барселона 2
  • ПСЖ 2.25
  • Арсенал 3.3
  • Интер 6

Барселона според повеќето кладилници и аналитички модели (Opta, Oddschecker, Sports Betting Dime) моментално е прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите, со коефициенти околу 2.00 до 3.01 и веројатност за освојување од 27.4 проценти.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


ПСЖ е втор фаворит, многу блиску до Барселона, со коефициенти од 2.25 до 3.34 и веројатност за освојување од 25.7 проценти. Арсенал е трет фаворит, со коефициенти во распон од 3.33 до 6.94 и шанса од 24.3 проценти, а Интер Милан има значително повисоки коефициенти (6.00 до 10.06) и пониска веројатност за освојување (16.6 проценти).

Арсенал го пречекува ПСЖ на 29 април, а Барселона Интер на 30 април. Реваншите се играат седум дена подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонскиот фудбал држи рекорд во Европа!

Во деновите кога Шкендија слави место во плеј-офот од Конференциската лига, ќе потсетиме и…