
Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради користење допинг. Првиот рекет на светот ќе ја пропушти речиси само американската турнеја и ќе може да игра на сите преостанати грен слем турнири.
Друштвените мрежи се „вжештија“ од реакции, а голем дел од нив негативно гледаат на договорот помеѓу Светската антидопинг агенција (ВАДА) и италијанскиот тенисер.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Секако дека ова не можеше да помине без Ник Кирјос. Контроверзниот Австралијанец реагираше на Твитер.
„ВАДА рече дека ќе биде казнет една или две години. Тимот на Јаник Синер направи се што е во нивна моќ и доби казна од три месеци. Не изгуби титули, не изгуби пари. Виновен или не? Тажен ден за тенисот. Правдата во тенисот повеќе не постои“, заврши Кирјос.