Ник Кирјос конечно се врати на победите. Триумфираше во првото коло на Мастерсот во Мајами против Макензи Мекдоналд, а по завршувањето на мечот беше целосно искрен.
Кирјос славеше првпат по октомври 2022 година, и тоа го доживеа емотивно:
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Не сакам да лажам, бев блиску до тоа да заплачам на теренот. Само помислив на последните две години, беше брутално, морам да бидам искрен. Не можев да го движам зглобот и докторите ми рекоа дека никогаш нема повеќе да играм. Слушав многу гласови однадвор, дали ќе можам да бидам на ова ниво и да победувам повторно некогаш. Да се игра е едно нешто, а да се победуваат мечеви е сосема друго“.