Дома Моторспорт Кими не сака да биде како Хамилтон: Јас сум новиот возач на Мерцедес

Кими не сака да биде како Хамилтон: Јас сум новиот возач на Мерцедес

Возачот на Мерцедес Андреа Кими Атонели зборуваше за споредбите со Луис Хамилтон, кого го наследи во познатиот тим од Формула 1.

Заменикот на Луис Хамилтон во Мерцедес, Андреа Кими Атонели, ги отфрли споредбите со седумкратниот светски шампион пред својата дебитантска сезона во Формула 1.

Иако преминувањето на Хамилтон во Ферари е најголемата приказна пред почетокот на новата сезона, која започнува на 16 март на Големата награда на Австралија, одлуката на Мерцедес да го стави 18-годишниот возач во неговиот болид предизвика голем интерес.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Како што се очекуваше, Атонели го споредуваат со Хамилтон, кој освоил шест титули за време на неговата историска 12-годишна кариера во Мерцедес. Сепак, младиот Италијанец не се гледа како негова замена.

„Се чувствувам како нов возач на Мерцедес. Не би рекол дека го заменувам Луис Хамилтон, бидејќи тој е огромна фигура во спортот и постигнал многу. Јас сум само следниот возач на Мерцедес и сакам да го пронајдам својот пат, да постигнам големи резултати и да бидам успешен“, изјави Атонели за „Скај Спортс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ферстапен открива важна тајна: Можеш добро да тренираш, но…

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, вели дека е уште рано да се поставуваат цели за новата…