Дома Фудбал Килијан Мбапе го тужи ПСЖ за морално вознемирување

Килијан Мбапе го тужи ПСЖ за морално вознемирување

Во текот на подготовките за новата сезона со Реал Мадрид, Килијан Мбапе реши да направи многу интересен потег.

Килијан Мбапе го тужи Пари Сен-Жермен за морално вознемирување, потврди денеска париското обвинителство.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид е на суд со поранешниот тим и бара од ПСЖ да му исплатат 55 милиони евра кои наводно му должат.

Станува збор за клаузули во договорот кои наводно од неговиот сега веќе поранешен клуб никогаш не ги исплатиле.

Мбапе исто така не е задоволен од начин на кој францускиот клуб се однесуваше кон него, бидејќи мораше да седи на клупата на натпреварите од домашното првенство кога одби да го продолжи договорот.

Тој тврди дека бил изолиран од првиот тим од некои други причини кои немаат врска со фудбалот.

Мбапе минатото лето пристигна во Реал Мадрид како слободен играч по постигнувањето на 256 гола во седум години поминати во ПСЖ.

Фото: Грок АИ

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал започна преговори со Валенсија

Раководството на Арсенал започна преговори со Валенсија за централниот дефанзивец Кристија…