Дома Македонски спорт Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успех и спортско достигнување од причина што од вкупно 6 номинации кои се однесуваат на индивидуалниот спорт во нашата држава, токму оваа федерација е единствена која што има номинирани спортисти, селектор и самата федерација во сите 6 номинации.

Номинации во кои Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија учествува со свои спортисти, селектор и федерација се следните:

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


1 – Спортист на годината – Бобан Илиоски, 1-во место во категорија -86кг., на ЕП во кикбокс маитаи, одржано во Атина, Република Грција

2 – Спортистка на годината – Леа Бошевска, кикбокс маитаи, 5-то место во категорија -50кг., на ЕП, одржано во Атина, Република Грција

3 – Млад спортист на годината – Силвио Мировски-кикбокс маитаи, 1-во место во категорија 71кг., на СП, одржано во Будимпешта, Република Унгарија

4 – Млада спортистка на годината – Марија Димовска-кикбокс маитаи, 1-во место на СП, одржано во Будимпешта, Унгарија

5 – Најуспешен тренер/селектор – Дејан Митровски-кикбокс и маитаи

6 – Најуспешна национална спортска федерација – Кикбокс маитаи федерација на Македонија

„Имено, само оваа година кикбокс репрезентацијата настапи на 10 меѓународни кикбокс натпревари од највисок ранг и од истите имаме освоено вкупно 105 медали (31 златна, 27 сребрени и 47 бронзени медали).“ – изјави Дејан Митровски – Урко претседател на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија.










Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…