Дома Останати Кошарка КФМ како НБА: Македонија добива „ол-стар“ натпревари!

КФМ како НБА: Македонија добива „ол-стар“ натпревари!

Кошаркарската федерација на Македонија информира дека на 21. декември (недела), 2025 година. ќе ги организира All Star натпреварите, кои повторно стануваат дел од официјалниот календар како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка.

Планирани се три натпревари:

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


– натпревар за македонските надежи (М20) – „Sвезди во подем“,

– женски сениорски All Star натпревар,

– машки сениорски All Star натпревар.

Во двата сениорски натпревари ќе настапат селекциите „Македонија“ – „Свет“, составени од домашни играчи и странски кошаркари кои играат во најквалитетните сениорски лиги под капата на федерацијата – „МТЕЛ“ Супер лига – мажи и „Шпаркасе Лајф“ Прва лига – жени.

Во рамките на All Star програмата, во паузите (истек на четвртините) од натпреварите, ќе се одржат и ревијалните натпревари во забивање и шутирање за три поени, како составен дел од кошаркарскиот спектакл и дополнителна можност за промоција на вештината, креативноста и атрактивноста на играта.

Во паузите меѓу натпреварите ќе се одржи и свечено доделување на признанија и награди за најдобрите поединци и колективи во сезоната 2024/25, како чин на почит и признание за квалитетот, трудот и професионализмот во македонската кошарка.

Со оваа манифестација федерацијата ја потврдува својата определба кошарката да биде повеќе од резултат – простор за промоција на талентот, фер-плејот, инспирацијата и заедничката спортска радост.

Повеќе информации за составите на екипите, стручните штабови и пропратните активности ќе бидат објавени во 15, декември (понеделник), 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Силно невреме го урна кровот на култната арена „Дражен Петровиќ“ (Видео)

Силното невреме кое ја зафати Хрватска предизвика многу проблеми во секојдневниот живот на…