Дома Останати Кошарка КФМ ги објави сите детали за најавениот олстар – ќе трае повеќе од осум часа!

КФМ ги објави сите детали за најавениот олстар – ќе трае повеќе од осум часа!

Кошаркарската федерација на Македонија Ве информира дека недела, 21 декември, е ден посветен на славење на македонската кошарка – ден кога сите сме на иста страна: играчи, тренери, судии, делегати и клубови. Ден кога ја славиме играта, заедништвото и убавината на кошарката, токму затоа што сме различни, а обединети околу иста вредност.

Во рамките на All Star програмата се закажани три натпревари:

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


1. 12:00 часот – All Star за македонските надежи (М20)

За овој натпревар, сите единаесет (11) клубови кои настапуваат во М20 лигата – мажи, се задолжени да достават по еден играч (име и презиме) од својот клуб, по електронска пошта.

Вкупно ќе бидат номинирани единаесет (11) играчи од клубовите.

Останатите тринаесет (13) играчи ќе бидат избрани од страна на стручните штабови на двете екипи, во среда, во 14:00 часот, во просториите на федерацијата. 

2. 15:00 часот – Женски сениорски All Star натпревар
Изборот се спроведува по истиот принцип:

Осум (8) клубови од „Шпаркасе Лајф“ Прва лига – жени, доставуваат по еден домашен играч (вкупно 8).

Останатите седум (7) домашни играчи, како и дванаесет (12) странски играчи, по препорака на матичните клубови, ќе бидат избрани од стручните штабови на двата тима во среда, во 13:30 часот, во просториите на федерацијата.

3. 18:00 часот – Машки сениорски All Star натпревар

Дванаесет (12) клубови доставуваат по еден македонски играч.

Останатите домашни и странски играчи ќе бидат избрани од стручните штабови во среда, во 13:00 часот, во просториите на федерацијата.

ВАЖНА НАПОМЕНА:

Екипите од:

● М20 лига – мажи,

● „Sparkasse Life“ Прва лига – жени,

● „МТЕЛ“ Супер лига – мажи,

се задолжени своите натпревари од тековните кола да ги одиграат најдоцна до 20.12.2025 година (сабота), пред All Star денот.

Ревијални натпревари – „шут за 3 поени“ и „забивање“

Сите клубови-учесници имаат право да пријават по еден играч за:

● натпревар во шутирање за три поени,

● натпревар во забивање.

Пријавувањето се врши по електронска пошта, најдоцна до 17.12.2025 година (среда), до 11:00 часот, на следната меил-адреса: [email protected] 

Во зависност од бројот на пријавени играчи:

– ќе се организираат квалификации кои ќе се одржат за време на натпреварот на македонските надежи (М20) и женскиот All Star натпревар.

– финалните настапи ќе се одржат на машкиот All Star, при што најдобрите двајца во секоја дисциплина (шут за 3 поени – машка и женска конкуренција, и забивање – машка конкуренција) ќе се борат за победничките признанија.

Признанија и награди

Во паузите меѓу четвртините, по претходно утврден распоред за кој ќе бидете дополнително информирани во среда по завршување на изборот на играчите, ќе се изврши свечено доделување на награди и признанија за најуспешните поединци и колективи во сезоната 2024/25.

Со овој настан сакаме заеднички да покажеме и да докажеме дека кошарката повторно може да биде спорт број 1 во Македонија – со почит, соработка, визија и љубов кон играта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Земјотрес“ од Белград: Партизан има нов тренер

Наследникот на Жељко Обрадовиќ на клупата на кошаркарскиот клуб Партизан е познат. Тоа е ш…