Дома Фудбал Кејн добива конкуренција: Прво позајмица во Баерн, па откуп за неверојатни 80 милиони евра

Кејн добива конкуренција: Прво позајмица во Баерн, па откуп за неверојатни 80 милиони евра

Почетокот на следниот месец означува и крај на трансфер периодот, но сигурно е дека денес и утре можеме да очекуваме некои одлични трансфери.

Тимот на Челси донесе многу засилувања ова лето, а до крајот на трансферниот период ќе се потруди некои играчи да заминат од клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Еден од нив е напаѓачот Николас Џексон кој веќе нема иднина во синиот дел од Лондон.

Меѓу другите, ова лето на Стамфорд Бриџ пристигнаа Жоао Педро, Лиам Делап, Џејми Гитенс, Жорел Хато.

Со оглед на тоа што во Челси пристигнаа два напаѓачи, јасно е зошто од овој клуб сакаат да се ослободат од Николас Џексон.

Него последните неколку дена го “проценуваа” од Баерн, а сега решија да започнат акција.

Како што тврди Фабрицио Романо, Николас Џексон е нов играч на Баерн.

“Николас Џексон е нов играч на Баерн. Договорот е постигнат со Челси и тој пристигнува на позајмица.

Позајмицата ќе биде платена 15 милиони евра, а Челси ќе има право да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната за 80 милиони евра“, објави Романо..

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mилан го реши голманското прашање до 2031 година!

Милан денеска соопшти дека капитенот на тимот и голман Мајк Мењан го потпиша новиот догово…