
Нема дилема каде ќе биде Давид Де Хеа по завршувањето на оваа сезона. Фиорентина има опција да го продолжи договорот за уште една година, што и ќе го направи ако се има предвид како шпанскиот голман бранеше оваа сезона.
Цела година паузираше Де Хеа, не бранеше никаде по заминувањето од Манчестер јунајтед, а Фиорентина е полн погодок.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Сега дојде времето за неговото враќање на „Олд Трафорд“, но како играч на „виолетовите“.
Манчестер јунајтед договори пријателски натпревар против Фиорентина на 9 август, што ќе биде последната проверка за екипата на Рубен Аморим пред почетокот на првенството.
Фото: Принтскрин