Дома Фудбал Ќе биде жешко во Италија: Еве како сега изгледа трката за „Скудетото“ во последните две кола

Ќе биде жешко во Италија: Еве како сега изгледа трката за „Скудетото“ во последните две кола

Со нерешениот резултат помеѓу Наполи и Џенова, Интер повторно се вклучи во борбата за Скудето!

Наполитанците, две кола пред крајот, имаат само еден бод повеќе од Интер и немаат право на грешка.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Во следното коло, во недела од 15.00 часот кога се играат сите натпревари, Интер го пречекува Лацио, додека Наполи гостува кај незгодната Парма, која сезонава пред своите навивачи веќе ги победи Јувентус, Милан, Лацио, Болоња, а му зема бод – на Интер!

Јасно е дека ќе биде тежок предизвик за Антонио Конте, кој веќе нема право на грешка, додека во последното коло Наполи го пречекува Каљари, а Интер гостува во Комо.

Сепак, не треба да се заборави ни дека Интер треба да победи против Лацио, кој има за што да игра, во моментот е петтопласиран, но со ист број бодови (64) како и четвртопласираниот Јувентус, додека вечерва може да ги прескокне двата тима Рома ако ја победи Аталанта како гостин.

Сезоната во Серија А е секако највозбудлива, бидејќи е неизвесна и во борбата за титулата, но и за Лигата на шампионите, за која сонуваат и Јуве, и Лацио, и Рома и Болоња, бидејќи разликата помеѓу овие тимови е само два поена.

Погледнете го распоредот на овие тимови во последните две кола, со напомена дека вечерва од 20.45 се составуваат Аталанта и Рома во натпреварот од 36. коло.

37. коло:

Парма – Наполи
Интер – Лацио
Рома – Милан
Фиорентина – Болоња
Јувентус – Удинезе

38. коло:

Наполи – Каљари
Комо – Интер
Венеција – Јувентус
Торино – Рома
Лацио – Леќе
Болоња – Џенова

Фото: Inter/Napoli

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Урнебесна сцена во „Ел Класико“: Погледнете што му направи Модриќ на Де Јонг (Видео)

Лука Модриќ ги одигра последните 45 минути од неделното Ел Класико и се истакна со два мае…