Дома Фудбал Казнет напаѓач девет натпревари поради расизам кон поранешен играч на Манчестер Јунајтед

Казнет напаѓач девет натпревари поради расизам кон поранешен играч на Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Престон, Милутин Осмаич, беше казнет со девет натпревари поради расистички навреди кон играчот на средниот ред на Барнли, Ханибал Мејбри. Инцидентот се случил за време на натпреварот меѓу двата тима на 15 февруари. Црногорецот ќе мора да плати и парична казна од 21.000 фунти и да се подложи на задолжителен образовен курс. 26-годишниот фудбалер нема да може да игра до гостувањето на Стоук Сити за „Boxing Day“.

Самиот Осмаич негираше обвиненијата во текот на целиот процес, а од Престон излегоа со официјално соопштение во кое изразија разочарување од одлуката на Фудбалската асоцијација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По натпреварот во февруари, Ханибал објави на X: „Нема да молчам за тоа што се случи денес. Секогаш ќе ги објавувам расистичките акти кога ќе ги слушнам или видам. Ова е единствениот начин да се промениме како општество. Јас сум силна личност, но никој не треба да го преживува ова грозоморно малтретирање на теренот.“

Ова е втора голема казна што Осмаич ја добива во Англија. Во 2024-та година тој беше санкциониран со осум натпревари затоа што го касна дефанзивецот на Блекбурн Роверс, Овен Бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…