Дома Фудбал Каземиро предложил бразилски репрезентативец за негов наследник во Манчестер Јунајтед

Каземиро предложил бразилски репрезентативец за негов наследник во Манчестер Јунајтед

Искусниот ветеран Каземиро го препорачал својот соиграч од бразилската репрезентација, Бруно Гимараис, на раководството на Манчестер Јунајтед, кога двете страни разговарале за нивното разделување на крајот од сезоната, информира популарниот новинар Бен Џејкобс.

Добитникот на пет трофеи во Лигата на шампионите ќе се раздели со “црвените ѓаволи” на крајот од тековната кампања, што беше официјално објавено на 22 јануари.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Гимараис, кој е капитен на Њукасл и еден од главните лидери на тимот, сепак не се вклопува во стратегијата на клубот, бидејќи на “Олд Трафорд” сакаат да се фокусираат на помлади фудбалери кои имаат потенцијал за развој во наредните години, додека самиот играч на “чавките” има 28 години. Покрај тоа, во Манчестер Јунајтед немаат желба да се впуштат во долга трансфер сага, слична на заминувањето на “Сент Џејмсис Парк” на Александар Изак минатото лето. Дополнително на тоа се смета дека цената на Бруно Гимараис никако нема да биде под 100 милиони фунти, што ја прави оваа зделка неразумна од финансиска гледна точка.

Пресата на Островот тврди дека 20-кратните шампиони ќе сакаат да ангажираат најмалку двајца фудбалери на оваа позиција ова лето. Спомнуваат се имињата на играчи како Елијот Андерсон од Нотингам Форест и Адам Вортон од Кристал Палас како приоритетни цели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трамп за учеството на Иран на Мундијалот 2026: Не мислам дека е паметно да бидат тука

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранскиот фудбалски тим е добредо…