Дома Останати Кошарка Кари влезе во историјата на НБА лигата, но Ѓоковиќ му честиташе сосема друга работа

Кари влезе во историјата на НБА лигата, но Ѓоковиќ му честиташе сосема друга работа

Кошаркарите на Голден Стејт славеа со 130:104 против Сакраменто во НБА лигата, а натпреварот го одбележа Стеф Кари.

Не поради својот извонреден настап, бидејќи постигна само 11 поени, туку поради тоа што постигна бројка од 4.000 тројки во натпревари од регуларниот дел на сезоната во НБА.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Кари зад себе ги остави Џејмс Харден со 3.127 тројки и Реј Ален кој постигна 2.973.

А денес, поради Кари се огласи најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, не поради ова достигнување, туку српскиот ас на Стеф му честиташе роденден.

Новак објави нивна заедничка фотографија и напиша:

– Добредојде во 37, Шефе! Среќен роденден – напиша српскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Сакраменто го замолчи Денвер и покрај магијата на Јокиќ (Видео)

Денвер бараше рутинска победа, но Сакраменто имаше поинакви планови. Никола Јокиќ прикажа …