Дома Фудбал Карегер: Еден од најлошите натпревари на Ливерпул и најголемата кражба сезонава

Карегер: Еден од најлошите натпревари на Ливерпул и најголемата кражба сезонава

Џејми Карегер, легендата на Ливерпул, остро ја критикуваше својата поранешна екипа по победата над Нотингем Форест, нарекувајќи ја „една од најголемите кражби“ сезонава. Екипата на Арне Слот до сензационална победа од 1:0 стигна со гол на Алексис Мак Алистер во 97. минута.

Карегер беше незадоволен од играта, особено изразувајќи разочарување кон Мохамед Салах и Коди Гакпо. Изгледаше како Ливерпул да ќе загуби два клучни бода во борбата за место во Лигата на шампионите, но спасителен беше голот на Алексис Мак Алистер во судиското продолжение, пишува Дејли Мејл.

Една од најголемите кражби сезонава

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, сега аналитичар на Скај Спортс, не штедеше зборови по натпреварот на Сити Граунд. Играта на Ливерпул во првото полувреме ја опиша како „една од најлошите“. „Ова е навистина една од најголемите кражби што сум ги видел сезонава во Премиер лигата“, изјави Карегер.

Карегер нагласи дека младиот Рио Нгумоха, кој влезе како замена во 77. минута, имал поголем влог во играта од неговите поискусни соиграчи. „Рио Нгумоха влезе во 77. минута и за 15 минути направи повеќе од Гакпо и Салах во текот на целата игра. Тоa момче го промени текот на натпреварот. Мора да почне да игра од почеток. Толку е добар“, рече Карегер.

Критики и за Куртис Џонс

Критиките не го поштедија ниту Куртис Џонс. Карегер смета дека играчот за врска предолго ја држи топката. „Секогаш премногу размислува, треба да биде побрз“, изјави тој. „Тоа е проблем кој го следи низ целата кариера во Ливерпул. Секогаш бара премногу време со топката.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Реал Мадрид пред дуелот со Бенфика

Дани Себаљос има доживеано силно истегнување на мускулот на десната нога, што ќе го чува н…