Дома Фудбал Капитенот на Бразил брутално искрен: Се срамам и се извнувам на навивачите

Капитенот на Бразил брутално искрен: Се срамам и се извнувам на навивачите

Капитенот на фудбалерите на Бразил, Маркинјос, се извини на навивачите поради поразот од Аргентина (1:4) во 14. коло на јужноамериканските квалификации за пласирање на СП, кое ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Аргентина се наоѓа на првото место на табелата со 31 бод и четири кола пред крајот на квалификациите го обезбеди пласманот на СП 2026. Бразил е на четвртото место со 21 бод.


„Она што го направивме не смее да се повтори. Тешко ми е да зборувам за тоа во моментот кога сè уште сме под впечаток… Срамота. Започнавме натпреварот многу лошо, далеку под она што можеме да го направиме, а тие беа полни со самодоверба. Знаеја како да играат паметно… Се извинувам на нашите навивачи“, изјави Маркинјос, пренесуваат бразилските медиуми.

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор, со националниот тим оствари само седум победи на 16 натпревари. Тој ја презеде бразилската селекција во јануари 2024 година.

„Не постои тајна формула во фудбалот. Сите можеме да играме подобро. Мораме да ја поделиме вината“, нагласи Маркинјос.

Бразил во следното коло на квалификациите за СП 2026 ќе гостува на репрезентацијата на Еквадор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова катастрофа за Постекоглу пред финалето на Лига Европа

Фудбалерот на Тотенхем Дејан Кулушевски нема да игра во финалето на Лига Европа против Ман…