Дома Фудбал Капело: Гатузо не треба веднаш да замине

Капело: Гатузо не треба веднаш да замине

По неуспехот на Италија да се квалификува на Светското првенство по трет пат по ред, се очекува селекторот на репрезентацијата, Џенаро Гатузо, да го напушти тимот. Легендарниот Фабио Капело го повика да почека до следните два натпревари пред да донесе конечна одлука, истакнувајќи дека неуспехот е последица на индивидуална грешка.

Откако претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, и шефот на делегацијата, Џанлуиџи Буфон, поднесоа оставки, многумина очекуваат дека истото ќе го направи и Гатузо. Сепак, Капело му советува одлуката да ја одложи до јуни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Да не заборавиме дека ја презеде репрезентацијата кога квалификациите со Лучијано Спалети веќе беа започнати и успеа да внесе карактер и решителност во тимот. За жал, и тоа е тажно да се каже, цената ја плативме поради елементарна индивидуална грешка на играчот, инаку веројатно ќе се вратевме со позитивен резултат”, истакна трофејниот поранешен тренер на Милан, Рома, Јувентус и Реал Мадрид и некогашен селектор на Англија и Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма во болница: Легендарниот тренер доживеа два срцеви напада

Фудбалскиот свет е потресен од загрижувачките вести од Романија. Легендарниот тренер Мирча…