
Реал Мадрид се соочи со пораз на магичниот „Енфилд“ од Ливерпул со резултат 1:0, но темата која ги преплави социјалните мрежи беше видео каде се забележува гестот на Чаби Алонсо пред да влезе на познатиот стадион.
На „Енфилд“ бевме сведоци на вжештена битка помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид, каде што на крајот домашниот тим ја извлече победата.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Клучниот момент на натпреварот се случи во 61-вата минута кога Собослаи одлично центрираше, а највисок во казнениот простор беше Мак Алистер кој ја погоди мрежата со глава, носејќи водство од 1:0.
По долга пауза, Чаби Алонсо се врати на „Енфилд“. Како играч на Ливерпул, тој остави голем белег во историјата на „црвените“ и беше дел од тимот кој во 2005 година на чудесен начин се врати во финалето на Лигата на шампионите против Милан.
Навивачите на Ливерпул го пречекаа Алонсо со громогласни аплаузи, наспроти Трент Александер-Арнолд кој претрпе жестоки извици.
Сепак, односот на тренерот на Реал Мадрид кон Ливерпул беше видлив дури и пред почетокот на натпреварот.
На социјалните мрежи се појави видео кое крена голема прашина, а беше снимено веднаш пред стартот на мечот на „Енфилд“.
Чаби Алонсо започна од соблекувалната да излегува на теренот, но пред да помине низ тунелот, со рака го допре симболот на Ливерпул каде што пишуваше „Енфилд“, што ги израдува навивачите на овој клуб.
Интересен е фактот што сите кои биле или сѐ уште се дел од Ливерпул, извршуваат овој традиционален гест пред да се појават на теренот, а Чаби Алонсо, иако сега е тренер на Реал, не успеа да се воздржи од почитување на истата традиција.
@championsleague Alonso back at Anfield ❤️ #UCL #LiverpoolvsRealMadrid ♬ Experience – Ludovico Einaudi