
Кевин Де Брујне само по неколку месеци се врати на Етихад. Легендарниот Белгиец десет години го носеше дресот на Манчестер Сити, за ова лето да замине од клубот како слободен играч.
Судбината сакаше првиот натпревар од Лигата на шампионите 34-годишникот да го одигра токму против својот поранешен клуб. Сепак, за него натпреварот на Етихад траеше само 26 минути.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Белгиецот стана колатерална штета откако Џовани Ди Лоренцо доби црвен картон. Антонио Конте реши легендата да ја извади од игра.
Тажно изгледа сцената каде понижениот Де Брујне го напушта теренот. Доби аплаузи од Етихад, но со сигурност не очекуваше ваква сцена.
Навивачите топло го пречекаа пред натпреварот. На трибините се појави транспарент посветен само нему, на кој го нарекуваат крал.
КДБ има одиграно дури 422 натпревари за Сити и има неверојатен резултат од 108 голови и 177 асистенции. Освои се што можеше.