
Веројатно не сте навикнати да слушате вести врзани за фудбал од Малдиви, но овој пат пристигнуваат неверојатни вести од нивните стадиони.
Иако фудбалската лига на Малдивите не е ни приближно позната по квалитет на играта за да се зборува на меѓународно ниво, последното коло од шампионатот донесе неверојатен скандал.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Екипата на Грин Стритс до последниот момент водеше борба за опстанок во лигата. Како што мечевите не се играат истовремено, тие веќе знаеја што им е потребно за останување во лигата пред завршниот натпревар.
За да обезбедат опстанок, не смееја да загубат со четири голови разлика. Некој од клубот се досети дека би било поумно да не излезат на теренот, наместо да се појават и ризикуваат пораз со четири голови разлика.
Поради оваа стратегија, екипата Гринс Стритс не се појави на последниот натпревар и резултатот службено се регистрира со 3:0, што им донесе опстанок благодарение на поволната гол разлика од само еден гол.
🇲🇻 Скандал во Малдивите, каде што Club Valencia ја доби својата последна игра за сезоната со 2:0, но сепак му требаше на Green Streets да загуби со четири голови разлика за да останат во лигата.
— The Sweeper (@SweeperPod) 8 февруари 2026
За да го спречат тоа, Green Streets наводно го откажаа својот последен натпревар и останаа… pic.twitter.com/ZxXnB8ekeT
Со службениот резултат 3:0 екипата Грин Стрис заврши со гол разлика од минус 27, додека Клуб Валенсија испадна од лигата со конечна гол разлика од минус 28.
Сепак, постои можност Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Малдивите да преземе мерки по истрагата и да го исфрли Грин Стритс од натпреварувањето.