Дома Фудбал Каков гест: Газдата на ПСЖ ги израдува сите 600 вработени во клубот!

Каков гест: Газдата на ПСЖ ги израдува сите 600 вработени во клубот!

Претседателот на Париз Сен Жермен Насер Ал-Хелаифи ќе ги води сите 600 вработени во клубот на 31 мај да го гледаат финалето на Лигата на шампионите против Интер во живо, кое ќе се игра на стадионот на Баерн.

“Горди сме што сме една семејство, семејство на Париз Сен Жермен кое гордо го претставува Париз и Франција на големата сцена”, напиша Ал-Хелаифи во писмото кое беше испратено до сите вработени кај Светците и додаде:

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


“Поради тоа, сите наши вработени ќе имаат можност да го поддржат нашиот тим во живо на стадионот во Минхен во финалето на Лигата на шампионите. Ви благодариме за сиот ваш труд, посветеност, професионалност и страст кон клубот.”

Да потсетиме, ПСЖ втор пат во историјата стигна до финалето на Лигата на шампионите и ќе се обиде првпат да го подигне “ушестиот пехар” во Минхен.

Тоа им не успеа пред пет години кога во финалето во Лисабон беа поразени од Баерн со резултат 1:0.

ПСЖ се пласираше во финалето на елитното натпреварување откако во полуфиналето го елиминираше Арсенал со вкупни 3:1, односно 1:0 во првиот и 2:1 во вториот натпревар.

Фото: PSG/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Српски водител среде емисија жестоко го навреди Јамал: Таа мала битанга никогаш нема да ја освои Лигата на шампионите! (Видео)

Барселона во вторникот беше елиминирана во полуфиналето на Лига на шампиони од Интер во не…