
Флоријан Вирц денес ги завршува лекарските прегледи, но тоа не е сѐ – Милош Керкез ги договори сите услови и следната недела ќе стане член на Ливерпул. Ни тука не е крајот затоа што на „Енфилд“ би можел да пристигне и стоперот на Кристал Палас – Марк Геји!
За Вирц се знае одамна, Ливерпул плаќа 136 милиони евра за неговиот трансфер и одредени бонуси, а не е тајна ни за Керкез, кој јавно потврди по доаѓањето во Србија дека чека реализација на трансферот во Ливерпул.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Денес истата потврда пристигна и од новинарот на Скај спорт Флоријан Плетенберг, кој тврди дека сè е договорено и завршено и дека следната недела репрезентативецот на Унгарија ќе потпише повеќегодишен договор. Обесштетувањето би требало да изнесува меѓу 45 и 50 милиони евра.
Последната информација е нова, бидејќи Ливерпул можеби ќе ја доведе стоперот на Кристал Палас. Станува збор за Марк Геји, репрезентативец на Англија, кој има 25 години и што е најважно – влегува во последната година од договорот, па е достапен по пониска цена.
Потенцијалното обесштетување не е познато, но Ливерпул го следи и размислува да го доведе во своите редови како поддршка за Вирџил ван Дајк и Ибрахима Конате.
Познато е дека Џарел Кванса можеби ќе го засили Бајер Леверкузен и ќе донесе околу 35 милиони евра, што Ливерпул би ги потрошил за стоперот на Палас.
Да потсетиме, од вчера се шпекулира дека Ливерпул зад сцената работи и на трансферот на Александар Исак, така што ова лето би можело да биде најдобро во историјата на Црвените.
Фото: Grok AI