Дома Фудбал Како започна расправата меѓу Винисиус и Симеоне? „Смири се, сега ќе досудат пенал“

Како започна расправата меѓу Винисиус и Симеоне? „Смири се, сега ќе досудат пенал“

Полуфиналниот натпревар од шпанскиот Суперкуп меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид (2:1) во Џеда донесе високи тензии, не само на теренот, туку и покрај аут-линијата. Во центарот на вниманието се најдоа тренерот на Атлетико Диего Симеоне и напаѓачот на Реал Винисиус Жуниор.

Нивната расправија стана главна тема по натпреварот, особено поради реченицата што Симеоне ја упати на бразилската ѕвезда: „Флорентино ќе те исфрли, запомни“. Во расправата се вклучи и тренерот Чаби Алонсо, а Реал Мадрид, како што се наведува, е незадоволен од ставот на аргентинскиот тренер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако Симеоне на прес-конференцијата не сакаше подетално да го коментира инцидентот, од таборот на Атлетико тврдат дека конфликтот започнал со провокации од страна на Винисиус, пишува шпанскиот AS.

Според верзијата на таборот на Атлетико, сè започнало кога Винисиус побара пенал по дуел. Бразилецот тогаш, наводно, се свртел кон клупата на Атлетико со гестови што ги разгневил сите во противничкиот табор. „Смири се, сега ќе досудат пенал”, е реченицата што им ја упати Винисиус, како што тврдат од Атлетико.

Токму тогаш Симеоне побара од играчите да продолжат со играта, а среде расправата ги изговори зборовите за неговата иднина, кои ги забележија камерите: „Ќе те исфрлат.” По тоа, тренерот подоцна, патем кон соблекувалната, разговараше со Федерико Валверде и Дани Карвахал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…