Дома Фудбал Како Луис Енрике го избрка Нејмар од ПСЖ?

Како Луис Енрике го избрка Нејмар од ПСЖ?

Трансферот од Барселона во Пари Сен Жермен за 222.000.000 евра беше своевремено земјотрес во фудбалскиот свет, но Нејмар си замина без да се сврти назад.

Сепак, во Париз, Бразилецот не се прослави, напротив, доживеа навивачите на францускиот клуб да го избркаат. А на крајот му пресуди – Луис Енрике. Човекот под чија команда Нејмар го играше можеби и најдобриот фудбал во својата кариера, само во дресот на Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Луис Кампос, поранешен спортски директор на ПСЖ, раскажа за Радио Монте Карло како Нејмар си замина од клубот.

„Луис Енрике беше тој што му рече в лице: „Би било најдобро да си одиш“. Директно, без еуфемизми. Затоа што Луис Енрике на различен начин гледа на фудбалот. Кај него игра тој фудбалер кој заслужи на тренинг во текот на неделата“, објасни Кампос.

Ѕвездата на Нејмар почна брзо да паѓа по напуштањето на ПСЖ. Потпиша со Ал Хилал, но набрзо се повреди сериозно, така што ниту во тој саудиски клуб не остави речиси никаков траг. Купен беше за 90.000.000 евра, а одигра само седум натпревари, на кои постигна еден гол и асистираше за три.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Играчите на Ливерпул збеснаа – дали се оштетени за пенал против Реал?

ФУДБАЛЕРИТЕ на Ливерпул го совладаа Реал Мадрид со 1:0 на Енфилд, а единствениот гол на на…