Дома Моторспорт Кадилак официјално стана 11. тим на Формула 1

Кадилак официјално стана 11. тим на Формула 1

Светската автомобилска федерација и Формула 1 официјално ја одобрија пријавата на Џенерал Моторс според која Кадилак од следната сезона ќе се приклучи во шампионатот.

Уште во ноември, Формула 1 и Џенерал Моторс постигнаа начелен договор, но сега е официјално потврдено дека за влез во новата ера во 2026 година, шампионатот ќе брои 11 тима.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Тимот што е сместен во Силверстон ќе има Ферари погони единици во првите две сезони на Формула 1, додека од 2028 година ќе стане конструктор.

Американскиот производител претходно работеше со Мајкл Андрети во обид да влезе во Формула 1, меѓутоа, таа пријава беше одбиена бидејќи челниците на шампионатот не сметаа дека тој тим би донесол некоја дополнителна вредност. Андрети со сите средства се обиде да ја смени таа одлука, а откако учесникот на 13 трки во Формула 1 повлече, Кадилак полека но сигурно тргна по вистинскиот пат за да добие зелено светло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Скандал: Ред Бул го обвини Антонели дека му попуштил на Норис во Катар!

Вчера беше одржана Големата награда на Катар, каде последниот круг го донесе настан кој мо…