
Фудбалската сцена повторно доживеа шокантна епизода во врска со цените на младите таленти. РБ Лајпциг, познат по развојот на млади играчи, постави неверојатна цена од 100 милиони евра за својот нов бисер, 18-годишниот крилен напаѓач Јан Диомандe.
Диомандe пристигна во клубот ова лето од шпански Леганес за 20 милиони евра. Трансферот веќе тогаш предизвика изненадување со оглед на тоа што станува збор за тинејџер со скромно искуство, но она што следуваше ги надмина сите очекувања.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Младиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска одигра само 7 натпревари во дресот на Лајпциг оваа сезона, постигна 1 гол, и тоа е за сега комплетната статистика на неговиот сениорски учинок во германскиот фудбал.
Сепак, челниците на клубот не чекаа Диомандe да ја заврши сезоната. Според информации од Германија, Лајпциг сега го проценува на 100 милиони евра, и јасно им порача на потенцијалните купувачи дека само сериозни понуди доаѓаат во предвид.