Дома Фудбал Останато Kaталонски „Спорт“: Луис Енрике во завршни преговори со Челзи!

Kaталонски „Спорт“: Луис Енрике во завршни преговори со Челзи!

На Антонио Конте ретко кој му дава шанси дека и наредната сезона ќе биде на кормилото на „сините“, а според каталонски „Спорт“ неговата замена е веќе позната.

Челзи кој минатата година стигна до титулата во Премиер лигата многу веројатно дека ќе остане без Конте. Засега човекот кој најмногу се поврзува со Челзи е поранешниот менаџер на Барселона, Луис Енрике.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според „Спорт“ Енрике е на чекор од тоа да биде промовиран како нов тренер на Челзи и наводно преговорите веќе се во завршна фаза и наскоро се би требало да биде потврдено.

Се навеедува дека понудата до Енрике е веќе испратена и се чека само искусниот стратег да каже „ДА“.

Енрике во својата тренерска кариера ги предводеше Рома, Селта и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видео Снимка го долови непријатниот момент на повреда на ѕвездата на Фулам

Данскиот дефанзивец на Фулам, Јоаким Андерсен, доживеа сериозна повреда на прстот за време…