Жил Кунде и официјално стана фудбалер на Барселона, тој веќе и посочи дека Чави бил клучниот човек во неговото пристигнување во редовите на Каталонците.
Сега спортскиот директор на Севиља, Мончи откри дека се било договорено со Челзи, но тогаш „сините“ покажале двоумење, а тоа Барса знаела како да го искористи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во четвртокот, Кунде беше продаден на Челзи, имавме договор и самиот играч се договори со Челзи. Но, тогаш покажаа одредено двоумење и Барса ја искористи ситуацијата. Матеу Алемани во понеделникот за првпат ме контактираше за Кунде“.
„Првата понуда која ја добивме не беше баш најдобра, но на крајот се изборивме за сума која е рекордна продажба на Севиља. Челзи се врати и повторно се обиде да преговара, но тогаш се беше завршено со Барса“, откри Мончи.