Второлигашот Кит Го закажа пет пријателски натпревари пред стартот на Втората лига – Исток која треба да започне на 21. август.
Планот е тимот да се подготвува во својата база во Пехчево од 14. до 31. јули. Противници за Кит Го во тој период ќе бидат Слога Виница, Осогово, Трајал Крушевац, Детонит и Брегалница. Дуелот со Брегалница треба да биде „генералка“ пред сезоната и ќе се одигра на 14. август.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од клубот исто така најавија дека се преговара и во наредниот период ќе бидат објавени неколку засилувања. Исто така шанса ќе им биде дадена шанса за пробен период на неколку млади играчи.