Преодниот рок завршува во понеделник и Манчестер Јунајтед нема многу време.
„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат прво да се ослободат од некои играчи, Андреас Переира беше пред трансфер во Лацио, со Рома се преговараше за Смолинг…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога во прашање се засилувањата Солскјер има една голема желба, а тоа е Осман Дембеле. Французинот беше избран како „план Б“ после неуспешниот обид да се доведе Санчо.
Сега според информациите Јунајтед во целиот случај го вклучил Пол Погба.
Наводно, Погба ќе се обиде да го убеди својот сонародник да се пресели на „Олд Трафорд“.
Проблем за Јунајтед е што не се ниту блиску до договор со Барселона, меѓутоа се тврди дека работите оделе во позитивна насока. Ако Погба успее да го убеди Дембеле тоа сигурно би бил голем чекор напред.