Дома Фудбал Јувентус уште во јануари го продава напаѓачот кој го доведе ова лето?

Јувентус уште во јануари го продава напаѓачот кој го доведе ова лето?

Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид (25) изразува незадоволство со минутажата која ја добива во Јувентус, а според италијанските медиуми, зимскиот трансфер-период би можел да го напушти торинскиот тим.

Минатата сезона, носејќи го дресот на Лил, Дејвид успеа да постигне 25 голови и да асистира при 12, а во јули како слободен играч се пресели во Јуве, со потпишан петгодишен договор. Иако одигра 12 натпревари оваа сезона, не успеа да се наметне како стандардна опција во првиот тим. Во тие 12 средби, само еднаш успеа да се запише во листата на стрелците.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според италијанските медиуми, новиот тренер на Јуве, Лучијано Спалети, можеби ќе му даде поголема улога на канадскиот репрезентативец.

Спалети, кој го наследи Игор Тудор, своето деби на клупата на Јувентус го забележа со победа над Кремонезе од 2:1, но Дејвид во овој натпревар влезе дури во 85-та минута. Малку е веројатно, или речиси невозможно, Дејвид да се најде во почетниот состав за вечерниот натпревар од Лигата на шампионите против Спортинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите бараа да го отпушти, а Перез му даде нов договор: „Најдобар си во Европа!“

Во редовите на Реал веќе интензивно се работи на новите договори за сезоната која би можел…