
Јувентус води преговори за доведување на дефанзивецот Маркос Сенеси од Борнмут како слободен агент, објавува „Газета дело Спорт“.
Договорот на аргентинскиот репрезентативец со „црешките“ истекува на крајот на сегашната сезона и се очекува тој да добие понуди од повеќе клубови. Според италијанскиот весник Јувентус не е единствениот тим што ќе го бара потписот на бранителот, иако „бјанконерите“ се првите кои започнале формални преговори со неговите агенти.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Сенеси пристигна во Борнмут од Фејнорд во 2022 година и во четирите сезони со црвено-црниот дрес има натрупано 119 натпревари, во кои постигнал 6 голови. Со репрезентацијата на Аргентина досега има две учества, последното од кои беше во октомври 2025 година.