Дома Фудбал Јувентус нуди 50 милиони евра за одбранбениот „ѕид“ на Барселона – каталонскиот гигант е на потег

Јувентус нуди 50 милиони евра за одбранбениот „ѕид“ на Барселона – каталонскиот гигант е на потег

Трансфер приказните од летниот преоден рок стануваат сè поинтензивни, а во ова се главни актери два европски гиганта – Јувентус и Барселона.

Сè почесто се слушаат приказни од трансфер пазарот, а шпанските медиуми носат една спектакуларна шпекулација режирана од Јувентус и Барселона.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Според “Diario Sport”, Старата дама нуди 50 милиони евра за „капиталецот“ на Барселона – Роналд Араухо.

Каталонците со сите сили тргнаа по Нико Вилијамс, но за да ги поминат без проблем сите регулации околу тој трансфер, некој ќе мора и да го напушти клубот.

Веќе некое време се зборува за заминувањето на Араухо од Барселона, а сега првиот кандидат за негово доведување е италијанскиот гигант – Јувентус.

Старата дама го гледа Уругвајецот како одлично решение за своите проблеми во последната линија и ќе тргне со сите сили по него ова лето.

Јувентус сака следната сезона да се врати на голема врата, односно имаат шампионски амбиции, а за да ги остварат зацртаните цели, мораат значајно да го засилат играчкиот кадар.

Араухо е централен бек, но одлично се снаоѓа и на позицијата десен бек, што на неговите тренери им дава простор за тактичка флексибилност.

Во Барселона по повод на оваа понуда сè уште се неодлучни. Каталонската екипа не би се противила толку на неговото заминување, но сметаат дека сумата од 50 милиони евра нема да биде доволна.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити ја продлабочи кризара на Реал во Мадрид

Манчестер Сити ги искористи проблемите на Реал Мадрид и победи со 2:1 на “Бернабеу” во нат…