
Постои голем изглед дека Јувентус, по Џонатан Дејвид, е на прагот на склучување договор со уште еден одличен фудбалер. Преговорите се на самиот крај, и според сите информации, Џејдон Санчо ќе дојде во Торино за 25 милиони евра. Тој се согласи да ја намали својата плата и да потпише договор со “Бјанконерите”. Освен тоа, ќе добие и компензација од Манчестер Јунајтед. Останува да видиме дали тоа значи дека Консеисао нема да биде откупен од Порто кој бара значителна сума, но приоритет за Италијанците го претставува ангажманот на поранешниот играч на Дортмунд.
Јувентус прави напори да се ослободи од играчите на кои веќе не смета, за да отвори простор за нови засилувања. Како и Милан, тие гледаат на Гранит Џака како потенцијално засилување, но само ако успеат да го продадат Даглас Луис. Размислуваат и за можност поранешниот капитен на Астон Вила да оди на позајмица, но засега нема понуди. Слично е и со Веа, кој го разочара клубот со одбивањето на трансфер во Нотингем Форест и сега е ставен на странична линија.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Уште неколку играчи се на продажба, како Костиќ, Ругани и Мбангуло. Ако се појави добра понуда за Нико Гонзалес, и аргентинскиот репрезентативец може да замине.
Проблем е што трансфер периодот само што започнува, а Јувентус нема време за чекање.
Враховиќ се наоѓа во ќорсокак. Алегри го посакува, но Српскиот фудбалер ќе мора значително да ја намали својата плата. Според некои информации, Симоне Инзаги го контактирал во врска со Ал-Хилал, но тоа не го променило неговото мислење, бидејќи Влаховиќ сака да игра во најдобрите лиги. “Газета” изјавува дека двете страни не ги приближиле ставовите и менаџерот на Влаховиќ наводно порачал дека од раскинување на последната сезона и никакви консултации нема да има. Влаховиќ е подготвен да остане и да заработува 12 милиони евра.
Се уште е во застој и завршниот збор ќе биде на Српскиот фудбалер, кој влегува во последната сезона од договорот.