
Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Лучано Спалети, е блиску до потпишување на нов договор со овој клуб од Торино до јуни 2027 година.
„Тутоспорт“ пренесува дека Спалети е подготвен да го продолжи договорот до јуни 2027 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми наведуваат дека преговорите за продолжување на соработката започнале пред неколку недели, а двете страни се блиску до договор. Спалети побарал од управата на клубот да има право на глас во одлуките за играчки трансфери.
Спалети (67) го презеде Јувентус кон крајот на октомври минатата година и има договор со клубот од Торино до крајот на сезоната.
Фудбалерите на Јувентус се наоѓаат на петтото место на табелата на Серија А со 53 бодови.