Дома Фудбал Јувентус има нови лица на „радарот“ – тргна по Италијанци од Премиер лигата

Јувентус има нови лица на „радарот“ – тргна по Италијанци од Премиер лигата

Сите во Торино се свесни дека нешто во Јувентус мора да се менува, а веќе челниците на „Старата дама” започнаа со покривање на критичните точки во тимот.

Една од метите е нов голман, а првата опција е Гилјерме Викарио, Италијанец на голот на Тотенхем кој полека, но сигурно, се спушта кон Чемпионшип.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Доколку тоа навистина се случи, Викарио би требало да биде реална солуција за Јуве, кој не би се задоволил само со еден Италијанец од Премиер лигата.

Како што пишуваат италијанските медиуми, Торинците силно сакаат да го вратат Мајкл Кајоде во своите редови, дете од нивната академија кое лесно го пуштија кога имаше 16 години.

Тогаш беше направена грешка и Кајоде замина во Серија Д, но од таму го зема Фиорентина и од него направи млад репрезентативец на Италија.

Минатиот јануари беше позајмен на Брентфорд, кој го откупи летово за вкупно 18.000.000 евра.

Сега Јувентус сака да го врати дома, за да добие решение на десната страна на одбраната на долг рок со него.

Посебно затоа што Кајоде добро се снаоѓа и како десен бек во линија со четворица играчи, но и како офанзивен криелн бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Испаѓање на Тотенхем ќе значи распродажба, а Шпанците се први во редот

Фудбалскиот клуб Тотенхем се наоѓа во најтешкиот период во својата модерна историја и му п…